Разорниот ураган Патрисија го погоди мексиканскиот брег

0
270

Еден од најразорните урагани во историјата Патрисија, го погоди во петокот мексиканскиот пацифички брег, со силина на ветрот од најмалку 256 километри на час, јави Американскиот национален центар за урагани.

Претходно челникот на одборот за води, Роберто Рамирес дела Пара изјави дека Патрисија ќе стане најмоќниот ураган на планетата откако се набљудува оваа појава. Неговиот пречник достигнува десетици километри, а силана на ветрот во ураганот изнесува 325 километри на час, со налети и до 400 километри.

„Ураганот е веќе на брегот на Мексико, не излегувајте надвор од домовите, заштитете се и следете ги инструкциите на цивилната одбрана“, напиша на Twitter мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието.

Ураганот Патрисија последните денови зајакна во извонредно опасна бура од категоријата 5, највисоката можна, а според Националниот центар за урагани, тоа е и најсилниот ураган кога и да е забележан на западната хемисфера. Според моќноста се споредува со супертајфунот Јоланда (во меѓународната класификација – Хајан) кој кон крајот на 2013 година ги разори централните региони на Филипини која бројот на луѓето кои ги загубија животите или сé уште се водат како исчезнати надмина 8.000, целосно или делумно беа уништени 1,1 милиони домови, а без покрив над главата останаа 4 милиони луѓе.

Агенциите известуваат дека ураганот во Мексико предизвикал свлечиште крај југозападниот брег околу 85 километри, заканувајќи се со катастрофални штети, и оти илјадници луѓе се подготвени на евакуација.

Портпаролката на мексиканската метеоролошка служба Памела Гарсија изјави дека ураганот Патрисија „удрила“ во непосредна близина на Пунта Перула, меѓу градот Пуерто Валарта и главното товарно пристаниште Манзаниљо. Засега нема информации за жртви.