Разрешен директорот на ИФФК Браќа Манаки, Димитар Николов-Таки

0
1472

На денешното Собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија, членовите не го прифатија извештајот за минатогодишното издание на ИФФК “Браќа Манаки” и поради програмски несогласувања во однос на насоките во кои треба да се движи Фестивалот од функцијата директор е разрешен Димитар Николов – Таки. Согласно Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија во наредниот период ќе биде распишан конкурс на кој ќе биде избран нов директор на Фестивалот, соопштија од Друштвото на филмски работници на Македонија.

Snap 2016-04-12 at 23.00.15