Разрешен началникот на Петтата управа на МВР

0
517

Горан Грујовски, началникот на Петта управа е разрешен од неговата функција, информираше денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков одговарајќи на новинарско прашање. Грујовски е осомничен во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. Чавков рече дека Грујовски го прекинал боледувањето, се вратил на работа, и е разрешен од позицијата началник на Петтата управа, а се уште нема поставено нов на неговото место.