Разрешен Зврлевски, пратениците на ВМРО ДПМНЕ излегоа од салата

0
759

Со 64 гласа ЗА и ниту еден против, Собранието попладнево го разреши досегашниот републички јавен обвинител Марко Зврлевски. Пред гласањето пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско.

Пред оваа седница Џафери ја отвори осмата седница, на која Илија од Димовски од ВМРО ДПМНЕ му посочи на собранискиот спикер дека Антикорупциската комисија доставила мислење според кое евентуално разрешување на Зврлевски би било незаконско.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на Димовски му соопшти дека единствен барател за автентично толкување на законска норма е Законодавно правната комисија. Џафери вели дека ДКСК може да даде мислење, но тоа не е обврзно. Единствен државен орган кој може да му укине одлука на Собранието е Уставниот суд на Република Македонија.

По своето излагање, Џафери ја затвори осмата седница и ја отвори шестата, која беше завршена со чинот на гласње за разрешување на Зврлевски, по 12 продолженија дебата.

Без коментари