Реакции на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на мораториум на бомбите

0
329

Во Собранието на прес конференции СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги соопштија своите реакции на Законот за мораториум на бомбите.

Според Петре Шилегов, мораториумот на бомбите е признание за прислушуваните разговори.

-Ова не е дел од договорот од 2 јуни во Пржино, и е обид за нарушување на преговарачкиот процес. Ова е признание за прислушуваните разговори, изјави Петре Шилегов од СДСМ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека целта на поднесениот закон е да се избегнат евентуални уцени , закани и притисоци врз граѓани кои би можеле да произлезат од прислушуваните разговори.

Според Димовски формиран е орган кој би можел да постапува по вакви случаи, односно формирано е Специјално јавно обвинителство.

Без коментари

LEAVE A REPLY