Реакции за орелот во рацете на ловџии

0
1433

Ловџии кои најверојатно се од Битола на Фејсбук објавија фотографија со фатен орел. Овој вид орел, златен сури, е заштитен на територијата на Македонија затоа што е пред целосно исчезнување од територијата на Македонија.
Први реагираа од македонското здружение за заштита на ретки птици „Macedinian owl trust“ кои повикаа на реакција на полицијата и инспекторските сужби и заслужена казна за овие злосторници.
„Златен – сури орел, кај нас во Македонија е веќе вистинска реткост, на прсти можат да се избројат македонските орли. Веројатно се сеќавате колку напори вложивме и вративме во природа повредени, отруени, заробени и запленети ретки видови кои според Законот на природата на Македонија би требалo да уживаат статус на ‘Заштитени со највисок степен на заштита’. Згрозени и вознемирени од овие фотографии ве молиме доколку ги препознаете овие ‘позери’, пријавете ги“, апелираа од здружението за заштита на ретките птици.
Од фотографиите се гледа дека орелот бил фатен жив и не се знае како и каде бил уловен орелот, ниту пак што направиле со него“ стои во нивната реакција.

14523236_1184443261594802_3445973120620994992_n-1

Во меѓувреме се огласија и од здружението Мали Херои со писмена реакција.

„ Здружението за заштита на животни „Мали Херои “Битола , реагира за заловениот редок вид на  Златен сури Орел, кој е заштитен редок вид . Правда за животните е општественото движење на нашето време. Страдањето кај животните не е помало од нашето. Возможно е тие да страдаат дури и многу повеќе од нас, едноставно поради нивната неспособност да го разберат тоа што им се случува, да ја сфатат сопствената голгота, да ја избегнат, или да ги променат условите во кои се затекнати. Случајот е пријавен од наша страна . Како што простигнуваа информации од граѓаните дојдовме и до приказна на некои  дека орелот го затекнале во контејнер , повреден , го зеле и го лечеле , потоа го пуштиле. Зарем мислите дека некој ке поверува во тоа?
Од таму ги прашуваат за тоа како се компетентни за да лечат? “ стои во рекцијата на Мали херои.

На крајот од нивната реакција и апелот од Мали Херои ваквите случаи граѓаните да ги пријават кај нив, во Полиција, во Инспекторатот за Животна средина (отсек Природа), во Инспекторатот за Шумарство и Ловство.