Реакција на Агенцијата за земјоделие

0
831

Директорот на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието денеска со реакција за како што рече, обвинувањата од дополнителниот заменик министер за земјоделство.

„ Агенцијата воопшто не изработува и врши никаков попис во земјоделството, се знае кои институции се овластени за тоа. Она што кај нас се работи, е евиденција на секојдневното работење, се разбира како и секоја друга организација во насока на подобрување и контрола на квалитетот на услугите кои ги доставуваме до земјоделците треба да знаеме кои се нашите клиенти. И да можеме да контактираме со нив. Понатаму, во моментот во тек е владин пилот проект за набавка на 6 агрометеоролошки станици кои ке бидат поставени во 6 региони со цел преку нивниот софтвер, сите евидентирани земјоделски стопанства да добиваат навремени СМС пораки за временските услови, и аналогно на тоа да им се даваат препораки за примена на агротехнички мерки. Нормално, за тоа потребни се телефонски броеви.Во АПРЗ постои систем за СМС информирање со кој преку СМС пораки ги информираме земјоделците за актуелнности, агротехники, информации, организација на обуки, информативни средби за програми за поддршка на земјоделците и се друго од интерес на земјоделците. Од друга страна, располагаме само со основи податоци за земјоделски стопанства: име и презиме, место и телефонски број, и тоа само за земјоделци кои дале согласност за тоа. Во врска со тоа имаме потпишани договори во кои експлицитно се наведени правата и обврските на двете страни. Наведена е и обврската на нашите вработени за заштита на личните податоци и нивната ограничена употреба строго за намената дефинирана во договорот.Исто така, секов вработен има уредно потпишано и доставено изјава согласно Закон за заштита лични податоци за обезбедвање тајност и заштита на обработката на личните податоци, изјави Игор Златков директор на АПРЗ Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY