Реакција на битолчани за дупки по улиците

0
350

Жителите од ул.Мирче Ацев во Битола веќе подолг период проблем имале со голема дупка што е на средина од улицата. Велат дека автомобилите си ги искршиле, а доплнителен проблем им претставувало кога врнело дожд, бидејќи дупката се полнела со вода а од тоа им произлегле и други проблеми

vevki amedov

– Веќе една година не се врви по улицата. Има многу голема дупка, си ги уништивме автомобилите, а кога врне дупката се полни вода и човек кога поминува може да биде целиот испрскан со водата, вели Вевки Амедов

Проблем имале и жителите од споредната ул. Козјак која што се спојува со главната ул. Мирче Ацев

dzafer

-Ние овде жителите од ул.Козјак веќе четири години имаме проблем. Цела улица е ископана, мали деца имаме кои што газат низ кал и ѓубре, вели Џафер Ахмедов

Велат, за проблемот повеќе пати се обратиле до општина Битола

-Сите жители се потпишавме и ги доставивме до општината, но од таму никој нема дојдено да виде во каква состојба е улицата. Вчера дадов 12 илјади за регистрација на колата и за патиштата, незнам зошто плаќаме за патишта кога живееме на вакви улици, додаде Амедов

dupka 2

Од општина Битола денеска рекоа дека во најскоро време ќе била санирана дупката на ул. Мирче Ацев