Реакција на Градски паркинзи

0
131
Со реакција денеска се огласија од Градски паркинзи -Битола. Во неа се вели: „ На ден 09.07.2015 во изјавата на господинот советник во совет на општина Битола Горан Козаров беа искажани целосно невистинити факти за работењето на ДПН Градски Паркинзи со тоа што беше потенцирано дека на затворениот паркинг Спортска Сала се вршела наплата до 24 часот што е целосна невистина и лага за што бараме господинот Горан Козаров јавно да се огради од предходно изнесените лаги и невистини од негова страна во спротивно ќе отпочнеме судска постапка за јавно изречени клевети со кои го нарушува угледот на ДПН Градски Паркинзи.
За конкретниот случај со затворен паркинг „спортска сала” наплатата за користење на паркинг простор се врши во временскиот интервал од 07-17 часот а ДПН Градски Паркинзи како концесионер на затворениот паркинг според потребите зa одржувaње на ред на споменатиот паркинг одредува присуство на паркинг редари до 20 часот бидеќи беше увидено дека за одржување на редот во користењето на паркингот потребно е присуство и контрола во овој временски период.
ДПН Градски Паркинзи на подрачјето на општина Битола во сите подзони на Б зона иако има право според договорот да врши наплата 07-22 часот во интерес на корисниците на паркинг простор наплата врши од 07- 20 часот“ стои во известувањето и демантот на Градски паркинзи.