Реакција на Јанакиески за поднесената кривична пријава

0
362

Во врска со поднесената кривична пријава против екс министерот Миле Јанакиески, се јави лично и Јанакиески со писмена изјава во која се вели:

„Поднесената кривична пријава од СВР Прилеп веќе еднаш еднаш беше поднесена до Јавното обвинителство и таа беше отфрлена од надлежното обвинителство. Истата сега повторно се поднесува се со цел моја лична дискретитација и да се отргне вниманието на јавноста за нереализирањето на ниту еден проект во општина Прилеп од страна на Владата на Зоран Заев.

Имено, продажбата на овие 2 стана како и останатите станови во државна сопственост е извршено согласно важечките законски и подзаконски акти. Имено ова право на Министерот за транспорт и врски е определено согласно Закон за продажба на станови во општествена сопственост, Одлука за продажба на станови кои, права должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија ( Службен весник бр. 68/92 и 62/03) донесена согласно член 2 од горенаведениот Закон и Решение за овластување за потписник за склучување на договори за купопродажба на станови од 24.102006 година.

Ова е дел од валканата кампања на СДС која е составена од измислици, лаги и манипулации со цел да ја покријат својата неспособност“ стои во реакцијата на Јанакиески.

Без коментари