Реакција на општина Битола за пресот на СДСМ

0
1014

По пресот на СДСМ, од општина Битола се јавија со реакција. Во соопштението стои:

-Општина Битола, како отчетна и транспарентна институција, во целиот досегашен период јавно, транспарентно и отчетно ги изнесува сите информации пред јавноста, што претставува начин на работа потврден и признат од домашни и меѓународни институции и организации.

Имајќи ги предвид ваквите факти, изненадува денешната прес конференција од советник во Советот на Општина Битола, кој индиректно потврдува дека не знае, колку средства се издвојуваат од буџетот, кој го усвојува Советот на Општина Битола, за културата во општината.

Всушност, споменатите износи за БИТ ФЕСТ, се далеку повисоки од вкупните средства за сите културни настани во Битола кои се дел од годишната програма на општината. Годишната програма за култура, преку веб страната на Општина Битола, во делот на буџетот, е достапна за сите заинтересирани граѓани.

За учесниците во одделни настани и програми кои се дел од програмата за култура на општината, како и за трошоците за нив, одлучува комисија од стручни лица, кои не се вработени во општината, односно не се дел од општинската администрација.

За квалитетот на културната програма која се финансира од општинскиот буџет, зборуваат исто така, значајни признанија, како што е признанието од УНЕСКО кое општината го доби во 2015 година, како град – член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО во областа филм.

Очигледно дека, дадената изјава е со политичка конотација, алудирајќи на следните локални избори, со цел нанесување на негативни политички поени, а во спротивност со реалните факти и добиените награди и признанија.

Кулурата, мора да биде во насока на понатамошен развој на општината, а на ниту еден начин, истата не смее да се користи со функција на политички натпревар, помеѓу партиските опоненти, се вели во реакцијата на Општина Битола за пресот на СДСМ

Без коментари