Реакција на општина Битола за пресот на СДСМ

0
206

„ Со договорот за купопродажба на доминантниот пакет на акции, утврдени се права и обврски на имателите на акции согласно процентот на сопственост.

Согласно одредбите на договорот, општина Битола има право да поднесе барање за ревизија на финансиските извештаи и почитувањето на превземените обврски на двете страни со овој договор. Финансиските извештаи се однесуваат за една фискална година, така што во овој момент не се исполнети условите за вршење на ревизија од надворешна ревизорска куќа.

Општина Битола ги исполнува во целост превземените обврски со договорот и по исполнување на условите за вршење на ревизија, општина Битола ќе го искористи своето право за ангажирање на надворешна ревизорска куќа“ стои во реакцијата на Општина Битола.