Реакција на општината за пресот на СДСМ

0
971

-Во однос на загадувањето на амбиенталниот воздух ги информираме граѓаните дека концентрацијата на ПМ10 суспендираните честици е помала од 50 микрограми на метар кубен, односно таа денес изнесува околу 25 микрограми на метар кубен, што значи дека СДСМ повторно шпекулира и ги лаже граѓаните.

Локалниот еколошки акционен план во чија изработка беше вклучена пошироката јавност, невладини организации, здруженија на граѓани, јавни претпријатија, членови на Советот на Општина Битола и советници од опозицијата, се со единствена цел да се детектираат и во иднина да се превземат соодветни мерки за заштита на животната средина во Општина Битола, оваа година е во фаза на завршување како највисок документ кој се однесува за заштита на животната средина.

Локалниот еколошки акционен план претставува документ во кој ќе бидат третирани сите медиуми во животната средина како што се вода, воздух, земја, бучава и т.н. Донесувањето на овој документот е во завршна фаза и во најскоро време ќе биде даден на усвојување на Совет на Општина Битола.

Во однос на каменоломот Општина Битола сеуште ја нема издадено дозволата заради тоа што операторот е задолжен да ги заврши сите мерења во сите медиуми кои се карактеристични за таков вид на дозволи. После добивањето на резултатите од таквите мерења Општина Битола согласно законската регулатива за заштита на животната средина ќе донесе соодветни акти, се вели во реакцијата на Општина Битола за пресот на СДСМ