Реакција на општината за пресот на СДСМ

0
258

„ Пред извесен период стопанисувањето со полигонот беше на правно лице, на кое што му беше одземена дозволата за работа од надлежен орган, заради неисполнување на законските услови.

Во Општина Битола се води постапка за донесување на урбанистичко планска документација за изградба на полигон за обука на возачи. Во моментов урбанистичко планската документација се наоѓа во Министерството за транспорт и врски на одобрување. По добиената согласност, советот на Општина Битола ќе донесе одлука за донесување на урбанистичко планска документација за изградба на полигонот.

Општина Битола како нарачател на предметниот урбанистички план, се залага за максимално скратување на роковите и забрзување на постапката за донесување на истиот, како би излегла во пресрет на барањата на своите граѓани што е воедно и нејзина надлежност“ стои во реакцијата на Општина Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY