Реакција на пресот на здружението „ За нас се работи“

0
521

По вчерашната прес конференција на Здружението За нас се работи на која соопштија што како одговор добиле од Општина Битола за тоа како се трошеле парите што општината ги добива како своевидно обештетување од загадувањето на Рек Битола, денеска со писмена реакција се огласи општината.

„ Одредени, самонаречени експерти, во многу области, животна средина, сообраќај, култура и така натаму се обидуваат да се експонираат во јавноста, не со својот професионализам, туку со нешто што сметаат дека некој повеќе ќе му посвети внимание, па макар тоа да е и дезинформација.

Вчерашниот ден една таква личност го искористи присуството на новинарите пред седницата на Совет, да се претстави во јавноста со дел од податоците кои ги добил, користејќи ја законската можност „ Пристап до информации од јавен карактер “.

Имено, селективно изнесе во јавноста тоа што мислел дека ќе предизвика сомнеж кај граѓаните, дека наводно е извршена пренамена на средствата, но не и да ја пренесе и информацијата дека потрошените средства се согласно критериумите од член 4, 5, 6 и 7 од Уредбата за методологијата за распределба на средствата, дека фактурите пред да се платат ги контролира Министерството за животна средина со увид на фактичка реализација на лице место, и дека средствата директно на изведувачите ги исплатува Министерството за животна средина, а со тоа се потврдува дека средствата се наменски потрошени“ стои во реакцијата на општината.