Реакција на РЕК Битола

0
2276

„ Производството на електрична енергија во целост е прилагодено на потребите на тарифните потрошувачи , односно домаќинствата и малoто стопанство. Добрата хидролошка состојба како и подготовката за прифаќање на есенските дотоци во акумулациите, како и временските услови за овој период од годината овозможија рационализација на производството од термоелектраните, со цел  да се извршат интервенции на постројките во насока на техничко-технолошко подобрување на нивната погонска подготвеност во пресрет на зимата.

Техничките интервенции во делот од капацитетите на РЕК Битола се во завршна фаза, па уште од вечерва, еден блоковите кој беше во планиран застој ќе биде ставен на располагање на електроенергетскиот систем. Во однос на другиот термоблок, станува збор за технички зафат во гаранциски период од страна на изведувачот на модернизацијата на котелот, германската компанија Бабкок Борсиг.

Инаку, во рудниците Суводол и Брод – Гнеотино има доволно количини на откриен јаглен, а оптималните резерви на јаглен на депонијата, гарантираат непречена и континуирана работа на термоблоковите  во претстојниот период“ стои во реакцијата од РЕК Битола.