Реакција на УМС ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

0
2274

„ Од пред штедилницата ТАТ, Ве потсетуваме на  визијата на СДСМ, не с амо за младите, туку за сите жители на Битола. Нивните визии се следните: Проневерени и во неповрат загубени, чесно заработени и заштедени стотици милиони денари. Илјадници граѓани ограбени.  Затворени фабрики и родители без работа. Скапо образование достапно само за привилегираните, без државни стипендии и со визни бариери.  Младите кои имаа желба да се занимаваат со земјоделство наместо поддршка, добиваа презир и потсмев.
Киното и театарот беа луксуз а спортските сали и терени или беа руинирани или не постоеа. Од името на сите наши млади сограѓани им порачуваме на визионерите од СДСМ да не си го губат времето во Битола сеејќи ветер и магла.  Во нашиот град поддршка добиваат идеите кои носат конкретни резултати и подобро утре за сите, а најмногу за младите луѓе“ рече Бојан Димовски претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола.

12788374_1254942024521218_1309110080_o