Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ

0
216

Со нетрпение го чекаме 25 април, утрото кога ќе се разбудат функционерите на СДСМ од шамарот што народот ќе им го даде. Што ли ќе си помислат кога ќе се погледнат во огледало? Убедени сме дека ни тогаш нема да ја сфатат пораката на народот зошто нивната ароганција, среброљубие, препотентност и површност немаат крај, соопшти ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на соопштението на СДСМ.„И тогаш ќе измислуваат десетици и десетици оправдувања и лаги пред своето членство за да си ја оправдаат својата неспособност, незнаење, некадарност и кариери исоплнети со криминал и луксуз. Со денешната реакција, СДСМ потврди дека знае дека ќе ги загуби следните парламентарни избори, а со тоа призна дека легитимно и чесно ги изгубила и минатите избори. Денеска СДСМ си ја призна лагата врз основа на која го темели целото свое политичко делување. Ако не лажеа, со две раце ќе го прифатеа предлогот на Никола Груевски за дополнителни 17 пратенички места за победникот на изборите. Кога граѓаните, а посебно членовите на СДСМ, ќе видат дека СДСМ лаже за клучни прашања, тогаш ќе им е до крај јасно дека овие луѓе штом отворат уста лажат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.