Реакција на ВМРО ДПМНЕ за пресот на ЛДП

0
3416

„ Вашата неспособност и непознавање на нештата што вистински и требаат и што вистински се реализираат во општина Битола, уште еднаш го потврдува фактот дека вечно ќе си останете партија- сателит на опозиционерската СДСМ.

Додека вие вашето време го трошите на подготовка на нестручни амандмани, ВМРО-ДПМНЕ работи на решавање на проблемот со амбиенталниот воздух во Битола,Новаци и Могила. Конкретрно се реализира проектот за Топлификација на Битола, Новаци и Могила- каде од вкупната инвестиција, околу 4 милиони евра веќе се реализирани со тоа што на два блокови од Термоелектраните Битола изведено е регулирано одземање на пареа за системот на топлификација.

Изработен е и комплетен проект, кој преку инвестиција од 46 милиони евра ќе придонесе за целосна изведба на проектот и негово ставање во функција. Со овој проект се елиминира штетното влијание од честичките кои се резултат на процесот на согорување на горивото кое се користи за затополување на домовите, кои се најзначајниот фактор за зачувување на животната средина.

Вашето непознавање за реалните потреби во градот го потврдувате и со фактот дека сте подготвиле амандман за изготвување на нов ГУП, а општина Битола веќе започна да го реализира истиот преку формирањето на Јавното претпријатие за просторно планирање, како и преку фактот дека Планинарскиот дом Копанки е во приватна сопственост на здружение на граѓани кое веќе отпочна со подготовки за реконструкција на истиот.

Вашите прес конференции, како и оваа денес се обид за пласирање на вашите лажни проповеди кон граѓаните. Почитувани, на 24 април пак доаѓа крајот на вашите лаги и манипулации“ , изјави Јовица Богоев ВМРО-ДПМНЕ