Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на СДСМ

0
475

-Програма немате, капацитет немате, способни луѓе немате, поддршка немате и ви останува само плукање, негирање и омаловажување , нешто што во последните две години од политичката криза, видовме дека вашиот лидер Зоран Заев со малото друштво околу него, најдобро знае да го прави.

Почитувани од СДСМ

Дел од вашата таканаречена програма препишавте, слоганот и боите на кампањата ги украдовте и со продавање гол, неаргументиран, нереален популизам кој примамливо звучи ама е неостварлив, се надевате дека ќе изложите барем по некој од своите некогашни поддржувачи, кои што денес исто така ви го вртат грбот.

Поддршката и кај своите ја изгубивте, со обидот да излажете и понекој од чесните албански гласачи,откако Зоран Заев отворимногу опасни, етнички теми кои ја загрозуваат унитарноста на државата и заговараат редефинирање на нејзиното уредување.

Почитувани од СДСМ,

Дури и вашите партиски членови знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ има обемна, реална и остварлива Програма на петстотини страници , дека Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  има знаење, капацитет , стручни луѓе и широка народна поддршка -реално да ги оствари ветените проекти, од прв до последен, со прецизни рокови и детален буџет, изјави Валентина Маркоска ВМРО-ДПМНЕ