Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за „Шарената револуција“

0
1336

-Сакам убаво да погледнете со што и кој се фали на социјалните мрежи! Советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гордо и полн со ентузијазам се фали, што се досега успеале да уништат и да осквернават во нашиот град, во нашата Битола!

Досега невидено, никаде во никое демократско општество никој не се пофалил со вандализам и сквернавење освен нашата опозиција…

А само замислете, како би се фалеле и ликувале за нивните „недела“ кога би дошле на власт, кога уште сега се закануваат дека повторно ќе си ја почнат истата политика на деструкција и уништување што веќе добро сите ја знаат. УНиштувањето и затворањето на се што е постигнато, новоотворено, новоизградено, сите можности за граѓаните, се што МАкедонија може да ја води напред, и тоа се само за да ја задоволат својата желба за власт!

Зарем уништувањето и сквернавењето на споменици, на јавни институции во сопственост на Македонскиот народ и непочитувањето на некаква вредност се нешта со кои една политичка опција би требало да се пофали ?!

Сепак во недостаток на реални резултати, недостаток на нереализирани проекти, недостаток на доверба кај граѓаните, нивниот очај до безкруполозни начини за кревање на рејтингот и за стекнување доверба кај граѓаните, изјави Елена Трајчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ