Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за Спасовски

0
752

-Техничкиот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од првиот ден се занимава  исклучиво со згрижување на партиски кадри по наредба и налог на партискиот лидер Зоран Заев и кој ќе остани запаметен по тоа што незаконски го уапси единствениот градоначалник во Албанија, се појави во Битола и зборуваше за корупција и партизација на институциите?

Му порачуваме на техничкиот минстер наместо да дава изјави полни со лицемерие, да се зафати за работа и да работи за интересот на граѓаните а не интересот на партијата. Го повикуваме да ги открие напаѓачите на Претседателот на СМК, Тодор Петров, и да побара соодветнс санкција за нив. Се разбира, ако крвавите сценарија кои ги најавија партиските кадри што ги вработил во МВР не се негова крајна цел, изјави Борче Димитровски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

Без коментари

LEAVE A REPLY