Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за железницата Битола-Кременица

0
631


Кој работи знае, тековните работи се решаваат во текот на работењето. Она што е важно е дека се работи и се работи согласно законските рамки и регулативи. Да знаеа нашите опозиционери што значи практично работа и реализирани проекти ќе знаеа и дека продавањето на ветер и магла на граѓаните нема да ги дискриминира сите реализирани проекти и сите резултати постигнати со работа , посветеност и труд.

СДСМ продолжува со своите пресови со кои сака да создава лажна слика и да собира политички поени и тогаш кога за тоа и нема услови. Надлежните институции и економските оператори вклучени во проектот истакнаа дека проектот продолжува со реализација, и дека сите законски обврски се почитуваат и ке се почитуваат согласно предвидените рокови. До денес „Водстрој 98“, како водечки партнер во конзорциумот, ја превзема целосно обврската да ги исполни сите видови работи за успешна реализација на проектот, изјави Валентина Марковска, ВМРО-ДПМНЕ