Реакција на „За нас се работи“

0
727

Во денешната ракција на здружението За нас се работи се вели дека тие како здружение доставиле барање за учество на јавна трибина во кое напишале општината да определи датум кој ќе му одговара на нивниот претставник за нејзино одржување, доколку за тоа има потреба, или во зависност од можноста на инволвираните страни во случајот, датумот дополнително да биде договорен и соопштен во јавност. Понатаму велат дека на тоа добиле одговор дека лицето кое ја прифаќа понудата, се согласува на датум кој ќе го определат тие како здружение.

Screenshot from 2016-07-22 13:58:42

Од како успеале да ги соберат останатите гости за оваа трибина, го определиле датумот и испративме писмена покана на електронска адреса преку која официјално комуницираат претставникот на општината и за кој од Здружението велат дека тоj согласно претходно  потпишан  документ е ставен на 24 часовно располагање за потребите на здружението, особено за теми кои се во заеднички интерес на граѓаните на Битола. Од За нас се работи потенцираат дека тој документ е потпишан лично од градоначалникот на о.Битола ,а за него до сега не добиле никаков демант или повлекување на истиот, што значи дека истиот документ е во сила, велат тие.

Screenshot from 2016-07-22 13:58:51

Исто така велат дека за договорениот датум одговорното лице го известиве и телефонски, како и лично со нивна посета на просториите на општината, односно во неговата канцеларија. За неговото откажување на присуството на оваа трибина, (за кое им соопштил на 18.07.2016 год. после нивниот прес на медиумите,) постои забелешка дека повторно го посетиле во неговата канцеларија, во која при откажувањето на присуството на оваа трбина беше присутно и друго лице. . На крајот на нивната реакција Го повикуваат одговорното лице од општина Битола да одбере јавен медиум, дата и време, на кој ќе се одржи јавна дебата на тема Б интегрирани дозволи и конкретната процедура за концесионерот на рудникот за гранит во месноста Билбил камен.