Реакција за притворањето на секретарот на Општина Битола

0
1996

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска со реакција за притворањето на секретарот на општина Битола. Во неа се вели:

„ Без сомнеж политичката хајка против најдржавотворната партија во македонската историја продолжува. Синоќешното притворање на Секретарот на Општина Битола е уште еден доказ дека опозициската СДСМ и нивниот протекторат СЈО се во одлична координација и продолжуваат со нивните долго и добро планирани политички хајки. Продолжуваат со реализација на веќе јасно зацртаните цели да се дестабилизира секој град во Македонија, да се дестабилизира нашата земја. Притворањето на наши сограѓани е уште еден обид за заплашување на оние кои веќе 10 години по ред не можеле да ги исплашат ни победат на избори. Уште еден од серијата театрални обиди да се одврати вниманието на граѓаните од опозициските повторувачки неуспеси и од смешно нискиот рејтинг на СДСМ. Притисоците, насилството, дестабилизирачките активности кои ги трпи Македонија во овој период а кои се одраз на голата желба на опозиција за власт овој пат стигнаа и до напади на домови и вандализам по улиците. Нашата порака е јасна:

Македонија и македонските граѓани не се соочуваат прв пат со обиди за разединување и дестабилизација. Но уште поважно граѓаните веќе знаат што е што, што ја гради Македонија како држава, што се резулати, што е напредок. Токму тие граѓаните на 5-јуни ќе покажат дека сите филмски сценарија на опозицијата да дојдат незаконски на власт ќе бидат победени од демократијата и од гласот на народот!“ стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.