Реакцијата на Принцот Хари кога едно девојче „краде“ од неговите пуканки

0
2107

Девојче, без да го забележат, крадеше пуканки од принцот Хари, а видеото што при тоа е направено на еден натпревар, стана вирално. На видеото е прикажано како двегодишната Емили седи со мајка си, инаку поранешна спортистка Хејли, покрај принцот Хари на натпревар во одбојка меѓу Британија и Данска во Торонто. Додека Хари разговара со пријател, девојчето се почестува од неговите пуканки. Кога Хари ја забележал, воспоставил другарски однос со Емили.