Реал и Јуве го посакуваат финалето во ЛШ

0
131

Вечерва во Мадрид ќе се одигра полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите меѓу Реал и Јувентус, по кој фудбалскиот свет ќе дознае која екипа ќе ѝ се спротивстави на Барселона во финалето на 6-ти јуни во Берлин.

Натпреварот ќе стартува во терминот од 20:45 часот, а по првиот меч Јувентус оствари предност од 2:1. Во пресрет на дуелот тренерот на Реал, Карло Анчелоти, има само една дилема, дали опоравениот Карим Бензема да започне во стартниот состав.

„Бензема е 100 отсто подготвен. Може да игра од почеток или да влезе подцна. Не играше еден месец, и тоа е она што простор за размислување. Можно е и Серхио Рамос повторно да игра во средниот ред. Играчите мора да дишат како еден, многу сме блиску до ново финале. Ние сакаме да испишеме нова историја во ЛШ, да бидеме првиот тим кој ја одбранил титулата“, рекол Анчелоти на прес-конференцијата.

Пласман во финалето посакува и Хамес Родригез, единствениот од тимот на Реал кој никогаш не играл финале во ЛШ.

„Играа добро во првиот меч, така што ова ќе биде добар тест за нас. Мојот сон е да играм во финалето. Мораме да бидеме фокусирани и да бидеме прецизни кога ќе создадеме гол шанса. Имаме играчи кои можат да постигнуваат голови, само треба да бидеме трпеливи. Исто така, неопходна ќе ни биде и помошта од навивачите, тие ќе бидат нашиот 12-ти играч“, рекол Колумбиецот.

Најискусниот во редовите на Јувентус, Андреа Пирло, во кариерата двапати со Милан ја освоил ЛШ, оваа сеозна која е последна за него во ’црно белиот’ дрес посакува тоа да го направи и со Јувентус.

„Свесни сме дека сме доволно силни и искусни и дека имаме квалитет за да го освоиме трофејот. Верувам дека ќе ја оствариме нашата цел, иако пред нас е второто полувреме од овој довмеч. Сакам да ја освојам ЛШ со Јувентус, а особено задоволство ќе биде доколку тоа се случи во Берлин каде со Италија ја освоив светската титула“, рекол Пирло.