Реал ќе го продава Бензема

0
185

Раководството на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да го продаде Карим Бензема. Како што пренесоа медиумите во Шпанија, Реал како обештетување бара сума од 55 милиони евра.

Бензема (27) оваа сезона во шпанското првенство има постигнато 15 голови, а ниту во изминатите сезони не беше ефикасен како што тоа го очекуваа во клубот. Од 2009 година тој само еднаш ја минал бројката од 20 постигнати голови во првенството, во сезоната 2011/2012 тој постигнал 21 гол.

Сепак, контра раководството е тренерот Карло Анчелоти кој исклучително го цени Бензема, според него, неговиот учинок и влијанието во тимот не може да се мери со бројката на постигнати голови.