Реал Мадрид ќе донира еден милион евра за мигрантите во Шпанија

0
747

Веста дека Баерн Минхен ќе отвори тренинг камп и ќе им обезбеди вдомување на мигрантите кои во изминатиов период пристигнуваат во Германија го обиколи светот, а очигледно ваквиот феноменален потег на Баварците ги мотивираше и другите светски клубови да се вклучат во акцијата за помош на бегалците со Сирија.

Во текот на вчерашниот ден Порто достави одлична идеја до УЕФА за собирање на парични средства од сите тимови учесници во Лигата на шампионите, а денеска со официјално соопштение се огласи и Реал Мадрид кој потврди дека парично ќе им помогне на бегалците кои се наоѓаат во Шпанија.
– Реал Мадрид сака да соопшти дека ќе донира еден милион евра како поддршка за бегалците кои се наоѓаат на територијата на Шпанија, – стои во краткото соопштение кое ова попладне го достави „кралскиот клуб“, пишува Дерби.