Ребалансот на буџет чека потпис од Иванов

0
220

Истекува крајниот рок до кој што шефот на државата,  Ѓорге Иванов треба да го потпише ребалансот на буџетот.

Ребалансот  шести ден е во неговиот Кабинет, а претседателот е на годишен одмор надвор од земјата.

Откако претседателот ќе го потпише указот за ребалансот на буџетот, законот излегува во “Службен весник” по што стапува во сила. Законите се објавуваат најдоцна во рок од 7 дена од денот на нивното донесување.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери велат дека доколку Иванов го пропушти рокот, треба писмено да го извести Собранието за причините зошто не ставил потпис на ребалансот.

Ребалансот на буџет во Собранието е усвоен минатата недела.

http://faktor.mk