Ребалансот на буџетот пред битолските советници

0
373

Жетока расправа на советниците по единствената точка на дневен ред на 56 седница на Совет, ребалансот на буџетот на Општина Битола за 2016 година. На почетокот од седницата опозицијата побара присуство на градоначалникот Талески, бидејќи се расправа за ребаланс на буџетот, а од страна на претседателката на Совет беше соопштено дека градоначалникот нема да биде во можност да присуствува на седницата.

-Наша тенденција е со буџетот да се овозможиме да се реализираат колку што е можно повеќе инфраструктурни проекти, изјави Игор Хaџиевски советник ВМРО-ДПМНЕ

-Ако гледаме кај капиталните расходи, ставката која што била планирана од 10 милиони денари, сега се крева на 67 милиони денари. Ставките за реконструкција на патишта кои што биле планирани со 42 милиони денари сега се креваат за 45 милиони денари, изјави Наташа Петровска, советник СДСМ

Опозицијата продолжи со обвинување дека во Битола нема капитални инвестиции, а власта возврати дека опозицијата не сака да гледа реално

-Еден капитален проект во Битола не е направен, ниту стадион, титу затворен базен, ниту фонтана, ниту пак улиците се асфалтирани, јас незнам кај ги гледате, рече Габриела Илиевска ВМРО-НП

-Ова е лудост, да проба човек, она што е реално , она што е сторено и видливо да го оспори и да го негира, рече Виолета Ковачевиќ

Расправата за ребалансот на буџетот за 2016 година продолжи и во попладневните часови.