Ребалансот на буџетот утре во Собрание

0
384

Дури 840 амандмани стигнале до собраниската комисија за финансирање и буџет, на која утре ќе почне расправата за ребаланост на Буџетот.

Најмногу амандмани 706 од МВРО ДПМНЕ, а останатите 134 амандмани се од албанските партии.

ВМРО ДПМНЕ ќе инсистира во ребалансот да има пари за проекти кои се предвидени во нивната изборна програма, но и такви кои дошле од локалното население.

Во согласност со предложениот ребаланс вкупните кратења изнесуваат околу 47 милиони евра. Главни на удар се непродуктивните трошоци, како репрезентации, патувања, реклами и економски промоции, а најголемото кратење од скоро 7 милиони евра е направено на буџетот на премиерскиот кабинет. Помалку пари ќе добијат Министерството за одбраната, Министерството за внатрешни работи, Министерствата за правда, за финансии, животна средина, земјоделство, Агенцијата за странски инвестиции, ДИК, кабинетот на претседателот Иванов, Собранието и Уставниот суд, а повеќе МНР, Агенцијата за разузнавање, Министерството за економија.

Премиерот Зоран Заев вети дека она што е започнато ќе биде реализирано, било да се тоа патишта или училишта.

Предвидено е постапката да трае до 29 јули, по што ќе следува собраниска седница со што се очекува првиот ребаланс на буџетот за 2017 да биде донесен околу Илинден.