Речиси половина град остана без вода

0
236

И покрај најавите дека синоќа после 22 часот ќе се нормализира состојбата во Битола со водоснабдувањето, сепак делови од градот останаа без вода. Во некои населби притисокот на водата беше слаб, во некои воопшто ја немаше. Проблемот како што веќе информиравме е заради свлечиштето што се случи кај селото Драгарино каде што е општетен главниот канал на ЈП Стрежево. Вчера доцна попладне од таму рекоа дека почнале со пуштање вода од браната, со цел да се нормализира состојбата со водоснабдувањо. Од Водовод апелираа на рационално користење на водата и демантираа дека градот ќе остане без вода во наредните неколку дена.