Редици колони на Богородица за влез во Грција, на Меџитлија нема гужви

0
197

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица има задржување од 30 мин,а на граничниот премин Дојран има задржување од 15тина минути за излез од државата. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Службените информации на АМСМ велат дека нема подолги задржувања за влез и излез на граничниот премин Меџитлија, а наши гледачи тврдат дека чекале помеѓу два и четири часа.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.