Редици колони на граничните премини кон Бугарија

0
408

Утрово од АМСМ информираа дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Делчево и Ново Село кон Бугарија има зголемена фреквенција на возила и за излез се чека до 1 час. Тоа е според АМСМ,  а според оние кои објавија фотографии на интернет и кои чекаа за излез од Македонија, велат дека  повеќе од два часа чекале за излез. .  Од АМСМ велат дека на останатите гранични премини утрово немало подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.