Референдум дали сите граѓани да земаат основна месечна плата по 2.500 долари

0
768

Швајцарија по денешниот референдум може да стане првата земја во светот што вовела универзален основен приход. Ако успее, секој возрасен човек што легално престојува во земјата ќе добива месечен приход од околу 2.500 долари, без разлика дали работи или не.

И покрај тоа што британскиот референдум за останување во ЕУ продолжува да доминира на светските насловни страници, денешното гласање во Швајцарија е дури уште позначајно.

Тоа се однесува на т.н. Универзален основен приход (УБИ), што е гарантирана исплата на 2.500 швајцарски франци (2.500 долари или 2.250 евра) месечно, кои ќе бидат наменети за секој швајцарски државјанин без оглед дали е вработен и дали е богат или сиромашен.

Поддржувачите на овој иновативен предлог на левицата повикуваат на прераспределба на богатството за општото добро, еднаквоста и рамноправноста. Поддржувачите на идејата укажуваат на фактот дека работните места на 21 век се поавтоматизирани, што значи дека сè повеќе и повеќе од работата во индустриите и услугите ја вршат роботи.

Оние што се вработени сè уште ќе може да работат, но основниот месечен приход ќе им биде одземен од платата. За возврат, „конвенционалните“ плати ќе станат „симбол на благодарност“, еманципирајќи ги луѓето и правејќи ги слободни да одберат што е она што навистина сакаат да го прават.

Поборниците за основен приход во Швајцарија велат дека парите едноставно се човеково право и дека оваа постапка ќе го изедначи приходот на луѓето со трошоците за живот.

Сепак, анкетите укажуваат дека само четвртина Швајцарци ја поддржуваат идејата.