Референдумот во Република Српска ќе се одржи

0
290

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека референдумот за прославата на Денот на Републиката ќе се одржи на 25 септември и не постои ниту една пречка за тоа.

„Референдумот ќе се одржи и тука нема никакви шпекулации. Само малициозни луѓе се обидуваат да шпекулираат“, рече водачот на Република Српска. Тој исто така изјави дека „техничките услови за спроведување на гласањето веќе се исполнети“, пренесе МИА.

„Комисијата ја врши својата работа, формирани се општински комисии, испечатени се избирачките ливчиња, сè е подготвено“, додаде Додик.