Референдумот во Валандово не успеа

0
636

Референдумот во Валандово не го исполни законскиот цензус за да биде успешен. Според првичните и неофицијални информации  за да биде легитимен согласно законската регулатива недостасуваат околу 300 гласа. На 24 те гласачки места не излегле потребните 5.072 граѓани со што референдумот во Валндово ќе беше успешен.

Од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ тврдат дека днееска регистрирале низа  притизоци и закани до граѓаните да не излегуваат на гласачките места и сето тоа биле евидентирано и ќе биде процесуирано до надлежните органи.

По Гевгелија, Богданци, Дојран – Валандово беше четвртата општина која на референдум се изјаснуваше за отворање рудници и за работата на комплексот Казандол кој се гради на 3 километри од градот.