Реформаторите бараат оставка од Груевски по слабиот изборен резултат

0
668

Реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ бараат итна оставка од лидерот на партијата Никола Груевски и сметаат оти не е потребно распишување предвремени парламентарни избори, по големата загуба што ја претрпе партијата на шестите локални избори, бидејќи со тоа во моментов таа само уште повеќе би ја загубила силата и би се дефакторизирала.

– Што би правеле ние на нови парламентарни избори, зошто би направиле избори на кои ВМРО-ДПМНЕ би го изгубил големиот број пратеници во Парламентот. Тоа прашање треба да му го поставите на Груевски, затоа што тој посакува избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ би била комплетно дефакторизирана и во Парламентот – порача на денешната прес-конференција Петар Богоевски еден од реформаторите.

Во врска со изборните резултати рече дека партијата мора достоинствено да се соочи со реалноста и волјата на граѓаните.

Итна оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, организирање слободен, демократски и обединувачки конгрес, одлука на членовите и симпатизерите дали се за обединување или поделби, прекин на заканите за исклучување од партијата за сите, кои мислат поинаку и ново законско решение за дејствувањето на политичките партии, побара денеска реформаторското крило на партијата.

Тој побара организирање слободен, демократски и обединувачки конрес за донесување нов демократски статут на партијата и избор на нови органи. Предложи организирање управувачки комитет на партијата, како времено тело, кое ќе има претставници од сите релеватни структури на партијата, а ќе го предводи човек, кој има персонален интегритет да обединува. Не сакаше да шпекулира со можните имиња, за тоа кој би бил тој човек.