Регионалната економска интеграција на Балканот не е алтернатива на ЕУ

0
281

Создавањето на регионална економска зона, која ќе го поддржи економскиот раст и ќе создаде нови работни места, е клучен приоритет за земјите од регионот, истакна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за време на неформалниот состанок со премиерите од земјите од Западен Балкан што се одржуваше во Драч.

Хан изјави дека регионалната економска интеграција не е и не треба да се гледа како алтернатива на членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, а како од корист соработка од заеднички интерес

Создавање на регионален пазар, според Хан, ќе создаде можности за 20 милиони луѓе и ќе го зајакне патот на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Домаќин на состанокот беше албанскиот премиер Еди Рама. Меѓу клучните учесници во средбата беа српскиот премиер Ана Брнабиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздич, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер во оставка Иса Мустафа и премиерот Зоран Заев.

Во пресрет на средбата во Драч Европската комисија (ЕК) објави дека очекува од западнобалканска “шесторка” да работи за спроведување на обврските за продлабочување на регионалната економска интеграција.

Регионалната економска зона, договорена за време на средбата во Трст, според ЕК ќе обезбеди нови можности за бизниси и граѓаните и ќе го засили економскиот раст, создавајќи нови работни места.

Без коментари