Регионални денови на културата во Пелагонија

0
339

Со театарска асоцијација од Франција која ќе изведе театарско движење и пантомима,  во четврток со почеток во 19 часот во Народниот театар во Битола започнуваат третите по ред „Регионални денови на културата во Пелагонија “, кои што се организираат со финансиска поддршка на Долна Нормандија и во партнерство со Алда, изјави Емилиа Ѓероска, раководител на ЦРППР-Битола.

Со „Регионалните денови на култура“, се опфатени сите 10 општини од пелагонискиот регион.

За прв пат оваа година во „Регионалните денови на културата во Пелагонија “ воспоставена е соработка со Француската алијана, со која организираат изложба во градската Библиотека.