Регионални денови на културата

0
405

По трет пат во пелагиниските општини се одржува манифестацијата „Регионални денови на културата во Пелагонија“. Од 15 до 30 Октомври во сите останати општини во пелагонискиот регион ќе се одржат најразлични културни и други содржини.

-Со оваа манифестација се зголемува понудата за активно практицирање на различните форми на култура при што се овозможува и збогатување на културните содржини кои се достапни во сите девет општини на пелагонискиот регион, рече м-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен.goko

Во рамките на оваа манифестација синоќа во кино салата во Ресен беше прикажана театарската комедија „Катастрофа“.

Без коментари

LEAVE A REPLY