Регистрирани рекорден број бегалци на Лезбос

0
235

Рекорден број на бегалци пристигнале годинава на грчкиот остров Лезбос, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Минатиот месец на островот пристигнале 2.216 мигранти, за разлика од септември кога пристигнале 2.170, а во август биле регистрирани над илјада.

На сите острови во северниот дел на Егејското Море во октомври пристигнале вкупно 3.478 мигранти.

Турската крајбрежна стража соопшти дека во октомври интервенирала во 61 инцидент во турски територијални води и назад во Турција вратила 2.729 луѓе.