Регулаторна комисија ќе одлучува за цената на водата

0
505

Од 1 јанури 2018 година граѓаните на Р.Македонија ги очекува регулирана цена на водата. 11 општини и 12 ЈП меѓу кои и ЈП Водовод и ЈП Нискоградба од Битола ќе бидат дел од пилот проект за изготвување на бизнис план.Ова е предвидено со новиот закон за тарифи за водоснабдување на цената на водата кој што стапи на сила во средината на јануари годинава, а кој што ќе се применува од 1 септември

– Ќе се формира регулаторна комисија која ќе ја одредува цената на водата и цената на услугата за водовод и канализација. Изработувајќи го бизнис планот ќе треба да изработиме што во тој период претпријатието мисли да инвестира , а ќе бидеме пилотирани од домашен консултант и од приватна фирма Ептиса. После изработката на тој план ќе треба да се изготви документација со која до идната година во март и април ќе треба да го поднесеме до Регулаторна комисија,. Регулаторната комисија ќе ги разгледува тие работи и ќе ја утврди цената во некој граници од минимална до максимална, каде што ЈП ќе треба да ја спроведе, изјави Горан Стефановски, директор на ЈП Водовод

Директорот вели дека не се исклучува можноста од зголемување на цената за водата и додава дека цената ќе биде лимитирана

-Бизнис планот и методологијата ќе одлучи дали ќе имаме повисока цена на водата. Ќе се разгледува кој бизнис план како да се направи, колку да биде голем, и спрема тој бизнис план ќе се утврдува цената. Меѓутоа има една додатна работа, која се вика достапност на корисникот каде цената ќе биде лимитирана. 4% од просечната плата на едно семејство. Што значи има лимит , не може претпријатието да си измислува бизнис план па да ја крева цената, ќе постојат граници, додаде Стефановски

Во тимот кој што работи со приватната фирма и државниот консултант учесници се Јавните комунални претпријатија и претставник од локалната самоуправа. Локалната самоуправа треба да одлучи дали на претпријатието ќе му даде согласност за тој бизнис план.