Реконструкција ќе нема, СДСМ го чешла предлогот на Села

0
170

Собранието во наредниот период ќе гласа за министер за здравство и за испразнетите места на Рамиз Мерко и Висар Ганиу, но не и за реконструкcија на Влада. Висок владин функционер за тв 24 вели дека иако беше на маса сепак нема да има нова прераспределба засега на валдиниот колач.

Сепак барем до крајот на следбата недела не треба да се очекува предлогот на премиерот да стигне во законодавниот дом. Дотогаш треба Заев да даде зелено светло за предлогот на Алијансата за Албанците, Вулмет Ферати да биде нов министер за здравство, но и Ахмети на маса да ги стави предлозите за заменици на Рамиз Мерко и Висар Ганиу, како министер без ресор и заменик во образование.