Реконструкција на локални патишта, до каде е регионалниот Битола-Ресен-Буково

0
1377

До почетокот на летото ќе биде целосно реконструирана улицата „Мите Богоевски“, која е дел од поширокиот простор на градскиот плоштад во Ресен.Од општинскиот буџет за оваа улица биле издвоени четири и пол милиони денари. Покрај оваа улица градоначалникот на Ресен најави и реконструкција на 1,2 километри локални патишта кои биле приуритетни и кои што биле оштетени.

-Овај проект ќе опфати комплетна реконструкција на хортикултурно и партерно уредување и канделабриско осветлување . Се работи за инвестиција вредна 4,2 милиони денари кои што општината ги обезбеди од буџетот. За ова лето планираме реконструктивни зафати на 1,2 километри локални патишта и улици во Ресен, изјави д-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен

На прашањето дали ова лето граѓаните ќе почнат да го користат патниот правец Битола -Ресен-Буково , градоначалникот со одговор

– Ова лето се надеваме дека патот Битола Ресен Буково ќе биде пуштен за сообраќај. Министерството за транспорт и врски најави дека се интензивираат работите за реконструкција на овај патен правец и дека до крајот на годинава ќе биде завршен, додаде Стрезовски
Овај патен правец Битола-Ресен-Буково е затворен за сообраќај од септември мината година а инвестицијата според објавените статистики ќе чини 5 милиони евра.Деновиве се започна со ставање на асфалт.