Реконструкција на патот до хотел Молика

0
1678

Започна реализацијата на проектот за проширување, ревитализација, реконструкција и асфалтирање на патот од Битола па се до Хотел Молика на Пелистер. Во моментов се работи на првата фаза која го опфаќа делот од Детското одморалиште па се до Хотел Молика, чиј изведувач е ЈП „Македонија пат“. Се прави со финансиски средства од Јавното претпријатие за државни патишта, во вредност од 6 милиони денари. Зафатот е 6 километри.

-Оваа инвестиција заедно со инвестицијата за свлечиштето и со инвестицијата за патот Битола-Ресен, придонесуваат многу за патната инфраструктура во овој регион, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.taleski 1.10   

Со реконструкцијата на овој пат ќе се подобрат условите за одржливиот развој на планинскиот туризам на Пелистер, велат од Националниот парк Пелистер.

-Тоа значи развој на планинскиот туризам, нешто што е зацртано во нашите плански документи, изјави Амет Аџиу, директор на НП Пелистер. amet

Останатиот дел ќе се реализира во следната фаза.

-За ден два ќе завршиме со овој дел, од Детското одморалиште до хотел Молика, најкритичен беше тој дел. Сега подолу не можеме да одиме со проширување, но комплетно ќе се ревитализира и тој дел до другата година, изјави Веселинчо Спасевски, раководител на Македонија пат Битола.veselinco

Од Македонија пат велат дека во програмата оваа година се влезени патишта кои водат до излетнички места, а во наредниот период ќе работат во Љубојно и Брајчино.