Реконструкција на улицата Љубојно

0
169

Започна реконструкцијата на улицата Љубојно која се наоѓа во повисокиот дел на населбата Баир и е една од погусто населените улици. Токму заради тоа често се јавувале проблеми со канализацијата. За да се реши тој проблем ќе се менува канализационата мрежа.

-Реконструкцијата на улицата Љубојно започна со канализационата мрежа, каде досегашната азбестна цевка која не одговараше за потребите на целата населба, ќе биде заменета со Ф300 полиетиленска цевка. Реконструкцијата на мешовитата канализација ќе се извршува во должина од 212 метри, а изведувач е КЈП ,, Нискоградба “ Битола, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.

MAJA_ULICA_002.jpg

Вредноста на овој проект изнесува околу 2 милиони и 700 илјади денари, од кои 1 милион денари се обезбедени од Декадата на ромите, а останатите средства ги финансира Општина Битола.

MAJA_ULICA_001.jpg

-Во горниот дел на улицата Љубојно, имаме зафат на десната страна кој што е многу значаен за собирање на водите од Ромската населба, тоа досега беше неконтролирано, а сега ќе биде насочена во еден дел од населбата. Со проширувањето на цевките, ќе овозможиме капацитет што ќе ги прибира сите отпадни води од овој дел на оваа населба, изјави Талески.

Откако ќе заврши оваа фаза, следува фазата водовод и коловоз, за што постапката е веќе во тек.