Рекорд и Б норма за Олимпијада за Богдановски во Казан

0
394

Анастасија Богдановски имаше одличен настап на светското првенство во пливаќки спортови во Казањ, поставувајќи нов државен рекорд во дисциплината 200 метри слободно. Македонската репрезентативка ја мина делницата за време од 2:01.28 минути, со што го урна сопствениот рекорд од 2:01.92 минути, поставен минатата година во Сент Мери. Богдановски беше дел од третата квалификациска трка во својата дисциплина и го освои второто место. Со овој резултат Богдановски ја потврди и Б нормата за настап на Олимписките Игри што ќе се одржат следната година во Рио де Жанеиро.