Рекорден број на бегалци во 2016 година

0
330

Бројот на раселени лица во светот минатата година достигна 65,6 милиони луѓе, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ОН. Вкупниот број раселени, во кои спаѓаат бегалците, барателите на азил и внатрешно раселените лица, е за 300 илјади поголема во однос на крајот на 2015 година.

Најмногу раселени има од Сирија – 12 милиони, потоа Колумбија со 7,7 милиони, 4,7 Авганистанци, 4,2 милиони Ирачани и 3,3 милиони луѓе од Јужен Судан.

Сирија е единствената држава во која мнозинството од населението е присилно раселено, а во Јужен Судан раселени се над една четвртина од жителите.